Ковид-19: Привршуваат клиничките испитувања на вакцината

15.07.2020 10:28

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна Инк“ соопшти дека кон крајот на јули ќе привршат клиничките испитувања за вакцината.

Во САД евидентирани над 63.000 заболени со Ковид-19 во последното деноноќие. Рекорден број починати е регистриран во Флорида, Алабама и Северна Каролина. Американскиот фармацевтски концерн „Модерна Инк“ соопшти дека кон крајот на јули ќе привршат клиничките испитувања за вакцината.

Тестирањето е планирано на 87 локации во 30 сојузни држави. Бразил којшто е на второто место на списокот со земји со најмногу заразени со новиот коронавирус достигна речиси 2 милиона.

Претседателот Жаир Болсонаро, којшто беше жесток противник на рестриктивните мерки доби позитивен резултат на тестирањето за Ковид-19, па мораше да откаже важно службено патување.

Неговиот тим за односи со јавност тврди дека засега нема никакви проблеми во лекувањето.