Ракомет

Со млади сили за крај

12.03.2014 09:49

Екипата на македонскиот ракометен вицешампион Металург вечер ќе го одигра последниот натпревар во СЕХА регионалното натпреварување. Со серијата порази Металург ги загуби шансите и во третата сезона на СЕХА да биде дел од завршниот турнир на најдобрите 4 екипи, па логично на гостувањето во Прешов против Татран екипата отпатува во комбиниран состав со многу млади играчи од Металург Јуниор. Од поискусните во составот ќе бидат Митревски, браќата Маркоски, Златко Мојсоски,Пецаковски, Кеџо и Мандиќ. 

Со гостувањето во Словачка ,Металург ги завршува настапите во СЕХА за оваа сезона и комплетно во наредните 10 дена ќе се посвети на подготовките за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со екипата на Колдинг. Колку комбинираниот состав ќе може да му се спротивстави на словачкиот шампион ќе можеме да видиме вечер од 18 часот низ преносот на МРТ собранискиот сервис.

По вчерашната очекувана победа на Вардар на гостувањето против борац со 26-20 и дефинитивно е комплетирана четворката за фајнл-фор турнирот во Нови Сад. Покрај Вардар ќе настапат и екипите на Загреб, Татран и Брест Мешков.