Земјоделство: Брања за субвенции до 31-ви јули
До 31ви- јули земјоделците ќе треба да ги поднесуваат бањата за субвенции. На сметките на земјоделците за 2020 година треба да се најдат скоро 70 милиони евра, без тутунот кој годинава ќе се исплатува од посебна програма. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за сточарите...

Со 24 милиони евра годинава ќе се субвенционира сточарското производство, а растителното со 16,2 милиони евра.
Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии и осигурување, за заштита на земјоделското земјиште, за млади земјоделци и жени носители на земјоделски стопанства.
Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, како и субвенцијата за зелената нафта во висина од 50 проценти за трошоците за гориво.
Со 10 милиони денари ќе се поддржуваат и одредени категории носители на земјоделско стопанство. Дополнителни 10 за млад земјоделец и 20 процентина за регистриран индивидуален земјоделец.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите, а оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Методија Трајков
