Европа го намалува Данокот на додадена вредност за туризмот
Кон мерката објавена од Европското здужение на хотели, ресторани и угостителски објекти се придружуваат и Турција и Грција.
Единаесет европски земји привремено ќе го намалат ДДВ за туристичките услуги со цел да му помогнат на овој сектор кој е меѓу најпогодените од пандемијата со ковид-19. Кон мерката објавена од Европското здужение на хотели, ресторани и угостителски објекти се придружуваат и Турција и Грција.
За периодот од 1 април до 30 ноември годинава ДДВ во хотелиерството во Турција, кој и онака е само 8%, ќе биде намален на еден процент, со што ќе биде најнискиот данок во кој било туристички сегмент во Европа. Угостителите во Шпанија во нова неизвесност поради најавеното враќање на рестриктивните мерки.
„Доаѓаат да прават нарачки, па не сте сигурни што да им кажете. Не знаеме што ќе се случи утре.“
„И што сега? Пак нема да можеме да го отвориме барот?“
„Оваа импровизација, промена на насоката не ни даваат никакво чувство на сигурност.“
Покрај економската не стивнува ни здравствената криза. На Стариот континент се регистрирани над 203 илјади смртни случаи. Бројот за заболени со новиот коронавирус расте и во Јужна Америка и на Карибите кои веќе го надминаа прагот од 150 илјади починари од ковид-19. Половина од нив се евидентирани во Бразил.
„Важна е само економијата на земјата!? Да, важна е, но настрана од таа криза постои друга криза која се зголемува. Народот и владата треба да се похумани бидејќи сè додека вирусот не ви тропне на вратата, вие ќе бидете индиферентни.“
Вирусот кој се појави во кинескиот град Вухан зеде најмногу жртви во Европа, САД и Јужна Америка. На глобално ниво се потврдени над 13 милиони заболени лица, а животот го загбиле повеќе од 586.000. Битката со коронавирусот ја добиле повеќе од 8,1 милион луѓе.
Маја С. Филдишев
