НБРМ: Неизвесноста и ризиците од пандемијата на Ковид-19 и натаму се присутни

16.07.2020 13:21

Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Според Народната банка, податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни, упатуваат на пониски нето- приливи од приватните трансфери, во услови на пад и на понудата и на побарувачката за девизи.

Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија. Се продлабочува  падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Велат, кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, присутна е неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата од 0%.

Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Според Народната банка, податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни, упатуваат на пониски нето- приливи од приватните трансфери, во услови на пад и на понудата и на побарувачката за девизи.

Оценето е дека вкупните депозити и вкупните кредити во јуни покажуваат нивен солиден годишен раст,  повисок во однос на проекцијата, а банкарскиот систем се задржа на релативно стабилно и солидно ниво.