Турчинов: Украина воено нема да интервенира на Крим
Референдумот за припојување кон Русија ќе се одржи на 16-ти март, а Украина го смета за фарса чии резултати ќе бидат наместени...

Украина нема воено да интервенира на Крим за да го спречи отцепувањето на полуостровот, бидејќи како пшто изјави вршителот на должноста премиер Олександр Турчинов, тоа би ја изложило источната граница и Украина не би била безбедна.
Референдумот за припојување кон Русија ќе се одржи на 16-ти март, а Украина го смета за фарса чии резултати ќе бидат наместени. Турчинов додал и дека руските лидери одбиваат секаков дијалог со украинските власти.
„Луѓето сакаат Крим да биде дел од Русија, сакаат да зборуваат на руски јазик“, вели еден граѓанин.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Вашингтон.
Средбата доаѓа еден ден откако Конгресот ја усвои резолуцијата со која се осудува руската воена окупација на Крим.
