Италијански автомобилски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Владин тим кој е на роуд- шоу во Италија договори дополнителни средби со заинтересираните компании во текот на пролетта, со цел на финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистиката и царинските процедури...
Компании од автомобилската индустрија, електро и машинската иднустрија за производство на специјални возила од Италија, кои се светски и регионални лидери во својата област се заинтерсирани за инвестиции во Македонија.
Владин тим составен од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо и економскиот поромотор во Италија, Иван Илиев кој пред италијанските бизнисмени оваа недела ги презентира можностите за инвестирање во Македонија, со неколку компании веќе е во напредни преговори за нивно потенцијално инвестирење во земјава, соопштија од Кабинетот на министерот Наумоф.
Во првиот дел на посетата владиниот тим одржа средби со компании во Емилија Ромаџина, Болоња, Анкона и Пескара. Истовремено беа договорени дополнителни средби во текот на пролетта со цел на финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистиката и царинските процедури.
Во следните три дена ќе бидат посетени и компании во Милано, Тренто, и Асти како и презентација на бизнис форум.
