Бразил: За 27 дена потврдени еден милион заразени
17.07.2020 11:12
За само 27 дена во земјата беа забележани еден милион случаи. Епидемијата се шири многу брзо, а дневно се регистрираат по речиси 40.000 нови случаи.

Бројот на заразени лица со коронавирус во Бразил надмина два милиона. Бразилското министерство за здравство соопшти дека досега починале речиси 77.000 луѓе.
За само 27 дена во земјата беа забележани еден милион случаи. Епидемијата се шири многу брзо, а дневно се регистрираат по речиси 40.000 нови случаи.
И во Индија бројот на заразени надмина еден милион. Според властите, инфекцијата особено се шири во помалите села и градови каде што нема карантин и ограничувања.
