Ракомет
Преку Атина до Катар
12.03.2014 10:48
Во Ано Лиосиа арената во Атина нашите најдобри ракометари на 7 јуни ќе се обидат да обезбедат добар резултат во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на светското првенство против селекцијата на Грција.

Иако се очекуваше дека грчката федерација ќе реши натпреварот да се игра некаде на северот на Грција сепак за град домаќин е пријавена Атина.
Капацитетот на арената е 9300 места, но останува отворено прашањето колку е голем интересот за ракомет на југот на Грција . Она што е сигурне е дека на 15 јуни ќе се бара билет повеќе за реваншот што најдобрите ракометни селекции на Македонија и Грција ќе го одиграат во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
