Лидерите на ЕУ во обид да договорат буџет од 1,1 милијади евра

17.07.2020 15:29

Шефовите на држави и влади од Европската унија во обид да договорат долгорочен буџет од 1,1 милијарди евра. Го оценија како момент на вистина, но и на амбиција. Рекоа дека договор е можен само со политичка воља и храброст. Со убедлива буџетска каса има шанса да се надмине кризата, порача Фон Дер Лејен – претседателката на Комисијата...

Шефовите на држави и влади на ЕУ на дводневен самит во Брисел. Се прави обид да се договори долгорочниот буџет од 1,1 илјада милијарди ерва и времениот инструмент од 750 милиони евра за борбата против коронавирусот. Претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лејен е убедена дека се е на маса и можно е решение.

„Ризикот од вирусот се уште постои, но со убедлив европски буџет, имаме шанса не само да се надмине кризата, туку и да се модернизира нашиот единствен пазар, да се донесе европскиот зелен договор и дигитализацијата“, изјави Урсула Фон Дер Лејен - претседателот на ЕК.

Претседателот на Европскиот совет Мишел, вели дека со политичка храброст и волја е можен договор.

„Работевме напорно за да го подговиме самитот. Знам дека ќе биде тешко затоа што не се работи само за пари туку и за луѓе, за европска иднина и за нашето единство“, изјави Шарл Мишел - претседател на Европски совет.

Францускиот претседател Макрон изјави дека ова е момент на вистината, но и на амбицијата. Според него, во прашање е европски проект во кој што верува, но воедно е и претпазлив.

„Минуваме низ невидена здравствена криза која се одрзува и на економско и социјално ниво. Истата бара многу поголема солидарност и амбиција“, рече Емануел Макрон- претседател на Франција.

Германската канцеларка Меркел по неуспешниот самит во февруари и овојпат очекува многу тешки преговори.

„Влегуваме на овој самит со многу ентузијазам. Разликите се уште се многу длабоки. Мора да ја видиме реалноста, а за тоа треба многу компромис од сите со цел да се постигне нешто што е добро за европа и за луѓето“, рече Меркел.

Австрискиот канцелар Курц, рече дека треба да се знае каде ќе се инвестираат парите пред да се постигне договор.

„Секако дека сакаме да им помогнеме на оние држави кои беа најмногу погодени од ковид-19, кои се наоѓаат во тешка ситуациј, но остануваат неразјаснети неколку прашања како прво, каде одат парите, кој ќе ја има главната добивка, кои се критериумите“, изјави Себастијан Курц, канцелар на Австрија.

Шпанскиот премиер Санчез вели дека лидерите имаат обврска да најдат договор, додека италијанскиот, Конте вели дека црвената линија за Италија е одговор што треба да биде соодветен и ефективен.

Сспоред дипломатите од Брисел, за да се постигне договор ќе треба да се премостат многу празнини, особено помеѓу богатите северни земји и југот кој носи голем долг како резултат од кризата со Ковид-19.

Марија Димовска