Прилеп

За еден месец тендер за експресниот пат Градско- Прилеп

17.07.2020 16:54

Реализацијата на капиталните инфраструктурни објекти во државаа има одлично темпо, смета министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. За еден месец со тендери се најавува решавање на спорните делници на експресниот пат Градско- Прилеп...

За еден месец ќе добијат тендер трите ленти од патната делница Фариш- Прилеп од магистралниот пат Прилеп- Градско и делницата Фариш- Дреново од експресниот пат до Прилеп за да продолжат работите. Тоа значи дека ќе се надминат застоите на експресниот пат. Ова го потврдува министерт за транспорт и врски, Горан Сугарески кој смета дека периодов капиталните инвестиции имаат одлична реализација.

Летово ќе заврши рехабилитацијата на патот до големото Мариово. Една петтина, или 10-ина километри се обновуваат и се асфалтираат, а проектот е вреден 650.000 евра.

Овој период градежно е активно во Пеалгонискиот регион и во државава.

Гасификацијата преку Неготино- Прилеп и Битола е готова 90 насто. Се работи на секундарната мрежа во Прилеп за што општината има одвоено 400.000 евра од локалниот буџет. Се чекаат деталите од владината најава дека ќе учествува во овој процес.

 

Елизабета Митреска