САД: Трет ден рекорден број на заразени од Ковид-19

18.07.2020 13:24

Соединетите Американски Држави се најтешко погодени од пандемијата. Наспроти тоа, американците се поделени околу тоа дали треба да носат маска на јавни места и дали да се отворат училиштата.

Во САД е регистрирано рекордно зголемување на нови случаи на коронавирус трет ден по ред, објави универзитетот Џонс Хопкинс. За 24 часа биле потврдени над 77.000 заразени лица, со што вкупниот број заразени во САД надмина 3,5 милиони. Починале околу 140 000.

Соединетите Американски Држави се најтешко погодени од пандемијата. Наспроти тоа, американците се поделени околу тоа дали треба да носат маска на јавни места и дали да се отворат училиштата.

Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека не размислува за задолжителна употреба на маска, изјавувајќи дека сака луѓето да имаат одредена слобода и дека не верува во маските.

Шефот на американската компанија Фејсбук, Марк Закерберг го критикуваше американскиот претседател тврдејќи дека ефикасноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во борбата против коронавирусот е мала.