Изложба на кумановските жени- фотографи

12.03.2014 10:54

На изложбата се претставија 13 автори, членки на фото- клубот од Кумаoнво кој овој проект го посвети на месецот на жената...

Жените се почувствителни и посуптилни од мажите и заради тоа подобро ги забележуваат деталите. Тоа е дар од природата кој ни служи со брзина низ објективот да го доловиме вистинскиот момемнт и да излезе одлична фотографија - вели една од учесничките на изложбата „Жените и фотографијата“ поставена во фоајето на кумановскиот Центар за култура.

„Јас најмногу сакам да ги фотографирам децата, поради тоа што секогаш се насмеани, а сакам да го доловам тој позитивен дел од светот. Зависи како сум расположена, некогаш сакам и старите да ги фотографирам бидејќи и тие имаат нешто посебно во себе“, вели Софија Петковска, фотограф.

Во фотографијата нема кавалерство, фотографите почнаа сериозно да ги сфаќаат жените со фото апарат во рака, како конкуренција. Таков е впечатокот на женските фотографи во Фото - клубот „Куманово“ каде постојано се зголемува бројот на уметничките фотографи од понежниот пол.

„Најомилена од сите ми е фотографијата Никита бидејќи ја претставува женската сензуалност, а тоа е она што најмногу ме инспирира- женска сензуалност на некој суптилен начин“, објаснува Ивана Илиевска, фотограф.

На изложбата се претставија 13 автори, членки на фото- клубот од Кумаoнво кој овој проект го посвети на месецот на жената.

Оваа изложба на фотографии во Центарот за култура во Куманово е малку поинаква. Пред публиката се појавуваат жени- фотографи, а ќе може да се видат околу 40-тина фотографии.

 

Габриела Димковиќ