Со пртоколи, културата се отвора за посетителите
Културните институции ги отвораат вратите за посетителите. По речиси пет месеци од пандемијата, во Прилеп е отворена првата ликовна изложба. Вратите ги отвора и Прилепскиот музеј со сите протоколи...

„Визии од детството“, ликовна изложба со дела од уметникот Горан Боев е првиот културен настан во Прилеп по пет месеци од пандемијата. Ова го означи отворањето на културните институции за посетителите. Со мерење температура, најмногу со 15 посетители, вљубениците во уметноста уживаа потсетувајќи се на детството.
За посетителите мора да се почитува здравјето, ама уметноста е неповторлива да се следи во живо. Културните настани ќе се редуцираат, ама ќе ги има. Преполовени се 20-ината изложби од програмата, нема фестивали и настапи на фолклорни групи, нo има концерти на сериозна музика.
Прилепскиот музеј веќе еден месец работи на проектите за реставрација, за истражување и археолошки ископувања и има протокол за отворањето деновиве на галериите и музеите.
Се очекуваат протоколите за двата големи фестивала: на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ презакажан за крајот на август и јубилејнот, 55 МТФ „Војдан Чернодрински“ за крајот на септември.
Елизабета Митреска
