СЗО: За 24 часа починаа речиси 4.500 луѓе

20.07.2020 10:43

Според податоците, и натаму најголемиот број потврдени случаи се од Северна и Јужна Америка- над 7,3 милиони, откако во изминатото деноноќие се пријавени повеќе од 70.000 нови случаи, и речиси 3.000 мртви.

Бројот на заразени од Ковид-19 на глобално ниво надмина 14 милиони. За 24 часа се регистрирани 166.735 новозаболени, а починале 4.496 луѓе- соопшти Светската здравствена организација. Според податоците, и натаму најголемиот број потврдени случаи се од Северна и Јужна Америка- над 7,3 милиони, откако во изминатото деноноќие се пријавени повеќе од 70.000 нови случаи, и речиси 3.000 мртви.

Во Европа, бројката на заразени надмина 3 милиони, додека во Јужна Азија се регистрирани 1,3 милиони заболени. Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка и Велика Британија и натаму остануваат земји со континуиран раст на новозаболени.

Вкупниот број на починати од вирусот во светот изнесува речиси 600 илјади луѓе.