Европска унија

Самитот на лидерите во Брисел продолжува и денеска

20.07.2020 11:18

Иако беше најавено дека заедничката расправа на сите 27 претседатели и премиери ќе започне уште во недела напладне, се до вчера разговорите се одржуваа одделно, како меѓу претставниците на земјите-членки, така и со посредство на претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел.

Самитот на ЕУ продолжува денеска околу пладне, откако по вчерашните маратонски 8-часови разговори доцна во ноќта, лидерите на 27-те земји членки на унијата не успеаа да се договорат ниту за големината на пакетот, ниту за односот на неповратната помош и заемите на кои земјите-членки можат да сметаат од фондот за закрепнување на Унијата од последиците предизвикани од коронакризата.

Иако беше најавено дека заедничката расправа на сите 27 претседатели и премиери ќе започне уште во недела напладне, се до вчера разговорите се одржуваа одделно, како меѓу претставниците на земјите-членки, така и со посредство на претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел.

На самитот се разговара за пакет вреден 1,824 милијарди евра, што вклучува повеќегодишен заеднички буџет од 1.074 милијарди евра и Фонд за заздравување од 750 милијарди евра.