Бензините поевтини за 1,5, дизелот за половина денар

20.07.2020 13:35

Литар безоловен бензин БС 95 и 98 ќе се продаваат поевтино за 1,5 денар, односно ќе чинат 60, односно 62 денара. Еуродизелот и екстралесното масло поевтинуваат за половина денар и ќе се продаваат за 53, односно 52,50 денари.

Од полноќ цените на дериватите се намалуваат во просек за 1,61% , соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Литар безоловен бензин БС 95 и 98 ќе се продаваат поевтино за 1,5 денар, односно ќе чинат 60, односно 62 денара. Еуродизелот и екстралесното масло поевтинуваат за половина денар и ќе се продаваат за 53, односно 52,50 денари.

Цената на килограм мазут се намалува за 0,37 денари и ќе се продава за 26,215 денари. Причина за корекциите на цените на дериватите се падот на референтните цени на светските берзи, како и понискиоот курс на доларот во однос на денарот.