Комисијата за лустрација почна со проверка на претседателските кандидати

12.03.2014 11:38

Рокот за доставување на кандидатурите до највисокото изборно тело истекува утре на полноќ...

Комисијата за лустрација почна со проверката на кандидатите за претседател на Република Македонија.

По известувањето од Државната изборна комисија дека кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски ја доставил кандидатурата, лустраторите согласно законските одредби извршиле увид во документацијата и по проверката е констатирано дека за Поповски нема пречка да извршува јавна функција, вели за МРТ портпаролот на комисијата, Предраг Димитријевски.

И кандидатот на ДПА, Илијаз Халими и официјално до ДИК ја достави кандидатурата за шеф на државата.

Рокот за доставување на кандидатурите до највисокото изборно тело истекува утре на полноќ.

 

Милчо Велевски