Земјоделство

Течат роковите за ИПАРД 2

21.07.2020 11:18

Земјоделците кои сакаат да аплицираат за парите од Европските фондови, односно претходно објавените повици за ИПАРД програмата тоа можат да го сторат најдоцна до 3-ти август. Исто така оние кои што веќе имаат потпишани договори, рокот за завршување на стопираните инвестициите е продолжен за онолку денови колку што траеше вонредната состојба.

Продолжуваат да течат сите рокови на претходните објавените повици од ИПАРД 2 Програмата  кои беа ставени во мирување заради пандемијата со Ковид- 19. До 3-ти август 2020-та година сите заинтересирани земјоделци можат да поднесуваат барања за инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства од европските предпристапни фондови од Брисел.

Со овој повик се подржуваат инвестициите кај житните, градинарските и индустриските култури, овошните и лозовите насади, сточарството и производство на мед.

Прифатливи инвестиции се изградба или реконструкција на фарми, магацини, силоси, оранжерии, пластеници и други земјоделски објекти како и набавка на повеќе годишни садници и опрема за наводнување.

Најниската вредност на која земјоделците имаат право за една инвестиција е 3 илјади, а најмногу може да се добие до 1,5 милиони евра.

На оние кои имаат потпишани договори и на кои реализација им беше стопирана, рокот им се продолжува за онолку денови колку што траеше вонредната состојба.

 

Методија Трајков