СЗО ги поздрави резултатите од тестот на двете вакцини

21.07.2020 11:53

Организацијата оцени дека ова е „добра вест“, но додаде дека е потребно да се „премине на посеопфатно тестирање во реалниот свет“.

Светската здравствена организација ги поздрави резултатите од првичното тестирање на две експериментални вакцини против коронавирусот, но предупреди дека претстои долг пат до ефикасна вакцина.

Организацијата оцени дека ова е „добра вест“, но додаде дека е потребно да се „премине на посеопфатно тестирање во реалниот свет“.

Научниците од универзитетот во Оксфорд објавија дека првите тестови на нивната експериментална вакцина против коронавирусот покажале дека таа предизвикува заштитна реакција на имунолошкиот систем кај стотици луѓе кои ја примиле.

И кинеските истражувачи објавија резултати од испитувањето на нивната експериментална вакцина што исто така доведе до реакција на имунолошкиот систем. Кинескиот тим користеше слична техника како и научниците од Оксфорд.

Во моментов се развиваат 23 експериментални вакцини.