Последниот спуст за олимпискиот шампион
Во швајцарскиот зимски центар Ленцерхајде започна финалето на Светскиот куп во алпско скијање.Четиридневниот своевиден фестивал беше отворен со машкиот спуст.
Победи Австриецот Матијас Маер. 2300 метри долгата, многу престижна патека ја мина за 1:29.99. Со тоа сензционалниот олимписки победник од Сочи, се избори за нов свој трофеј. Ова е негова прва победа во кариерата во спуст во Светскиот куп.Италијанецот Криштоф Инерхофер и Американецот Тед Лигети со исто време, послабо за 11 стотинки зад победничкото, се на делба на второто место. Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, со веќе обезбедениот „мал кристален глобус“ во дисциплината спуст беше петти. Со денешните бодови тој изби на чело во генерален пласман со 1091 бод, пред Австриецот Марсел Хиршер со 1050 и Лигети со 824.
Од 23-цата скијачи кои беа на стартот, последниот спуст во сезоната го завршија 19-мина.
Спуст мажи-резултати
1.Матијас Маер(А) 1:29.99 мин
2.Криштоф Инерхофер(И) +0.11сек.
2.Тед Лигети(САД) +0.11сек.
4.Петер Фил(И) +0.13сек.
5.Аксел Лунд Свиндал(Нор) +0.20 сек.
Во Ленцерхајде денеска на програмата е и последниот женски спуст.
