Догодина ќе може да се извезува свинско месо
Свињарските фарми се повеќе се ангажираат за воведување на биосигурносни мерки на фармите. Добиточните болести веќе се искоренуваат, а со укинувањето на вакцинацијата за свинската чума, сточарите ќе можат да извезуваат месо и нивни преработки во земјите од Европската унија.

До Агенцијата за храна и ветеринарство неколку фарми поднеле барања за стекнување на статус слободни од болеста трихинелоза, што е резултат на континуирана работа во изминатиот период од страна на фармерите за унапредување на биосигурноста на одгледувалиштата и заштитата на животните од болести.
Стекнувањето на статусот слободни од болеста трихинелоза и категоризирање на фармата во објекти со низок ризик од опасност од заразни болести се еден од основите за намалување на производствените трошоци и зголемување на конкуретноста на домашното производство.
Сточарите веќе немаат обврска за задолжително лабораториско испитување на секое грло, туку само на 10 проценти од вкупниот број на товеници.
Со укинување на вакцинацијата против болеста класична свинска чума, што, исто така значи директно намалување на призводствените трошоци, се очекува од почетокот на идната година да се добие статус на слободна земја и од оваа болест и да се почне со извоз на свинско месо и негови преработки на европскиот пазар.
Методија Трајков
