СЗО: Со Ковид-19 заразени над 15 милиони луѓе низ светот
22.07.2020 10:37
По бројот на заболени и натаму на прво место се САД, Бразил и Индија.

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 15 милиони луѓе и речиси 620 илјади смртни случаи. По бројот на заболени и натаму на прво место се САД, Бразил и Индија.
Американскиот претседател Трамп со песимистички тонови за надминување на пандемијата поради загрижувачкиот раст на новите случаи во јужните и западните сојузни држави.
На Балканот состојбата непроменета. И натаму расте бројот на заразени и починати. Црна Гора повторно прогласи епидемија во целата земја и воведе задолжително носење маски.
На светско ниво од вирусот оздравеа повеќе од девет милиони луѓе.
