Велосипедизам
Фото финиш на Мањи Кур
12.03.2014 12:03
Ретка привилегија имаа натпреварувачите на велосипедската трка Пароз-Ница, последните 4,5 километри од 3-тата етапа да ги минат на легендарната Ф1 патека Мањи Кур.

Во групниот спринт на етапата долга 180 километри со цел на стартно целната рамнина на патеката мањи Кур победи германецот Џон Дегенколб од екипата на Џајант-Шимано пред Метју Гос од Орика Грин Еџ и Хозе Рохас од Мовистар.
Победата на Дегенколб му го донесе и првото место во генералниот поредок со 8 секунди пред Насер Бухани и 12 секунди преднпост во однос на Морено Хофланд.
Денеска се вози 4-тата етапа на т.н. трка до сонцето од Невер до Белвиј во должина од 201,5 километри со 4 ридски цели во полседните 60 километри.
