Уапсени 13 лица во полициска акција во Куманово
Станува збор за криминална група од 13 лица, членови на едно семејство. Се товарат за повеќе кривични дела од злосторничко здружување, недозволена трговија со дрога, лихва, перење пари...

Во полициската акција во Куманово уапсени се 13 лица, членови на едно семејство. Се товарат за повеќе кривични дела од злосторничко здружување, недозволена трговија со дрога, лихва, перење пари...
Години наназад, од 2004-та па наваму, вршеле тешки кривични дела стекнувајќи се огромна противправна имотна корист.
Полицијата и јавното обвинителство обезбедиле докази за нивното апсење. Уапсените лица покрај тоа што кривичните дела ги правеле на територија на Република Македонија, препродавањето на дрога го вршеле во Швајцарија.
При полициската акција во Куманово и апсењето на криминалната група денеска се случила драма. Имено, еден од осомничените се качил на кров одбивајќи да и се предаде на полицијата, но по кратко време се предал на полицијата.
Полицијата долго време била во траг на криминалната група. Истата, после апсењето на познатиот „кумановски бос“ Бајруш Сајдиу, кој беше уапсен во акцијата „Пепел“, го презела неговиот терен, а настапувала посурово во споредба со него.
Наташа Гркова- Петрушевска
