Нови жаришта на Ковид-19 во Европа

23.07.2020 11:00

Во Шпанија се забележани 224 жаришта на вирусот, а бројот на заразени од почеток на панемијата надмина 314.000. Шпанија ја укина вонредната состојба пред околу еден месец, но по втор пат стана жариште на Ковида-19 во Европа.

Европа се соочува со нови жаришта на Ковид- 19. Според најновите податоци, Шпанија, Романија, БиХ, и Хрватска се помеѓу најтешко погодените земји од вирусот, наведуваат италијански медиуми.

Во Шпанија се забележани 224 жаришта на вирусот, а бројот на заразени од почеток на панемијата надмина 314.000. Шпанија ја укина вонредната состојба пред околу еден месец, но по втор пат стана жариште на Ковида-19 во Европа.

Во Босна и Херцеговина за 24 часа се пријавени 328 новозаразени. Во Романија се регистрирани рекордни 1.030 нови случаи на заболени за едно деноноќие. Земјата е на прво место по бројот на заразени на Балканот.

Во Хрватска, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 се зголеми на 2.430 за 24 часа.

Во Италија, претходно најтешко погодената европска земја со вирусот Ковид-19 и поранешното жариште на стариот континент, се забележани 280 нови случаи заболени.

Јужна Кореја пријави 59 нови случаи, додека пак Кина- 22.