БИТОЛА

Отворен фестивалот „Илинденски денови“

23.07.2020 14:27

Златниот јубилеј- половина век постоење на Републичкиот фестивал за народни песни и ора „Илинденски денови“ годинава ќе се одбележи само со настани кои одговараат на протоколите на пандемијата, а дел од ансамблите ќе се представат преку онлајн програма. Организаторите се надеваат дека она што се испушта ќе се надополнува догодина, кога ќе се обидат фестивалот да го добие и тетманот Интернационален...

Пандемијата значително го видоизмени видот и содржините токму на златниот јубилеј на фестивалот. Отсуството на оние позначајните го намалуваат чувството на духот на Илинденските денови, велат битолчани.

Фестивалот -чувар на традицијата кој и самиот прераснал во традиција, девете фестивалски вечери ги подели на две програмски целини.

За жал, домашните и ансамблите од светот годинава не можат да допатуваат во Битола.

Од Републичкиот фестивал кој половина век не е само игра и песна, туку еден комплексен процес кој содржи и обичај едукација, презентација и слично, очукуваат догодина да го надополнат изгубеното и да успеат во идејата да го добие и статусот Интернационален фестивал.

Стевче Митревски