Гејтс: Ќе бидат потребни две до три дози од вакцината
23.07.2020 14:32
Ќе биде потребна повеќе од една доза од вакцината за имунизација против коронавирусот, а на повозрасните можеби и три дози, изјави основачот на Микрософт, Бил Гејтс.

Ќе биде потребна повеќе од една доза од вакцината за имунизација против коронавирусот, а на повозрасните можеби и три дози, изјави основачот на Микрософт, Бил Гејтс. Истакна дека пронаоѓањето вакцина ќе бара голем напор на глобално ниво.
„Се чини дека ниту една од вакцитните што се развиваат нема да бидат доволни за заштита со само една доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што подоцна ќе бидат создадени пријатно ќе не изненадат. Но, за сега, како што стојат работите, најверојатно повозрасните ќе мора да примат и повеќе од две дози“, вели Гејтс.
