ФИТР: 166 компании аплицирале за кофинансирани грантови
Компаниите побаруваат речиси 90% од предвидениот буџет од 200 милиони денари, поради што ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари од кои 39% или 112.000 денари се учество на самите компании.

Рекорден број над 2.000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид 19, на Фонд за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус.
Компаниите побаруваат речиси 90% од предвидениот буџет од 200 милиони денари, поради што ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари од кои 39% или 112.000 денари се учество на самите компании.
„Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства“, нагласи Деспотовски.
88% од апликантите продолжуваат во следните фази на евалуација и оценување, додека 12% отпаднале како неподобни. Посебно охрабрува фактот што 76% од нив за првпат аплицираат во Фондот, 16% аплицирале претходно, но не добиле средства па поворно се обидуваат, а само 8% користат или користеле средства. Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба трговија и диструбуција, здравство, екологија, земојделие, а за првпат не доминира ИТ секторот. Особено е позитивно тоа што со овој повик има зголемен интерес кај компаниите од сите региони, како и зголемен број на компании со жени претприемачи.
Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски најави креирање на нов модел заедно со стопанските комори и Светската банка.
Овој повик на ФИТР е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на РСМ и е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Повикот беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година.
