Гут го доби спустот, Фенингер поведе во генерален пласман
Швајцарката Лара Гут и се израдува на новата победа, но натпреварувачкиот расплет во женскиот дел од Светскиот куп останува!

Завршниот спуст на падините на Ленцерхајде мина во знакот на Швајцарките. Лара Гут, „сребрената“ од Сочи во оваа дисциплина, ја доби драматичната трка со времето, 9-ти пат искачувајќи се на победничкиот подиум во Светскиот куп.Искусната Австријка Елизабет Гергл заостана само за 5 стотики. Трета беше Френци Ауфденблатен од Швајцарија. Водечката во генерален пласман Германката Марија Хефл-Риш не стигна на целта, овозможувајќи и на Австријката Ана Фенингер по денешното шесто место да поведе во трката за „Големиот кристален глобус“ со 1191 бод, пред Риш со 1180.
Спуст жени-резултати:
1.Лара Гут (Шв) 1:32.31 мин.
2.Елизабет Гергл(А) +0.05 сек.
3.Френци Ауфденблатен (Шв) +0.57 сек.
4.Фабиан Сутер (Шв) +0.84 сек.
5.Андреа Фишбахер(А) +0.96сек
6.Ана Фенингер (А) +1.07 сек
Марија Хефл-Риш го освои „малиот кристален глобус“ во спуст со 504 бода, пред Ана Фенингер со 464. Трета а Словенката Тина Мазе со 404.
Утре во Ленцерјахде следат нови две „брзи“ трки.Ќе се возат машкиот и женскиот супер велеслалом.
