Продолжува целосната примена на Законот за извршување

24.07.2020 10:50

Со завршување на вонредната состојба и дополнителните рокови поради пандемијата, се враќаат старите законски одредби.

Од денеска продолжува целосната примена на законот за извршување,односно истече четиримесечниот мораториум на извршувањата. Правно, нема можност за уште едно одложување на извршувањето, бидејќи веќе не сме во вонредна состојба- соопштија од Комората на извршители.

Со завршување на вонредната состојба и дополнителните рокови поради пандемијата, се враќаат старите законски одредби.

Владата до 30-ти јуни со дополнителни 30 дена, соопшти дека извршителите се должни да запрат со преземање какви било извршни дејства, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка. Во меѓувреме, требаше само да се примаат барања за извршување и да се евидентираат.

Иако запре извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите, не беше стопирана пресметката на каматата на долгот што го имаат.