Антикорупциска за Мијалков

Не постои законска основа за утврдување конфликт на интереси

08.11.2013 19:54

Нема конфликт на интереси меѓу приватниот бизнис и функцијата на Сашо Мијалков е ставот на Државната комисија за спречување корупција. Оттаму велат дека не постои основ да се постапува по Законот за спречување судир на интереси, бидејќи фирмата на Мијалков е отворена во странство и подлежи на тамошните закони.

Нема конфликт на интереси меѓу приватниот бизнис и функцијата на Сашо Мијалков е ставот на Државната комисија за спречување корупција. Оттаму велат дека не постои основ да се постапува по Законот за спречување судир на интереси, бидејќи фирмата на Мијалков е отворена во странство и подлежи на тамошните закони.

Согласно со Законот за спречување судир на интереси не постои основ да се утврдува состојба на судир на интереси доколку избрано или именувано лице во Република Македонија има трговско друштво основано надвор од Република Македонија, бидејќи трговското друштво е основано според правото на земјата во којашто е регистрирано седиштето и важат законите на домицилната држава, а не законите на Република Македонија, пренесуваат повеќе портали.

Директорот на УБК во Македонија, во вторникот ја извести Антикорупциска комисија дека во февруари годинава станал сопственик на фирмата „Миртланис“ регистрирана во Чешка. Мијалков во анкетниот лист не ја пријавил фирмата во рок до 30 дена, бидејќи ја купил за 7.800 евра или 480.000 денари. Законската обврска налага само износи над 20 просечни плати да се пријавуваат во предвидениот рок, а сумата е под предвидениот минимум, пишува во образложението на Мијалков до Антикорупциска комисија. Тој и укажува на Комисијата дека во анкетниот лист, кој е јавно објавен, не се ажурирани податоците за продажбата на фирмата „Service point MM“, за што Мијалков ги известил антикорупционерите во февруари 2011 година. Тој појаснува уште еднаш дека својот удел од 50 насто од фирмата го продал, со што повеќе не поседува никаков сопственички удел. Освен овие промени во анкетниот лист, Мијалков во дописот до Антикорупциска ја појаснува и грешката за вредноста на семејниот накит, часовниците и уметничките слики.