„Во ред, добра ноќ“ - последните зборови на пилотот на „Боингот 777“
„Во ред, добра ноќ“, биле последните зборови на пилотот на „Боингот 777“, до контролата на летање кој исчезна пред пет дена објавија малезиските воздухопловни сили...

Денеска вниманието насочено кон изјавата на 29 годишен Малезиец кој соопшти дека го видел падот на авионот во Јужното Кинеско Море, само неколку минути пред последниот контакт, но мистеријата се уште трае, што се случило на кобниот лет од Куала Лумпур кон Пекинг.
Медимите со различни информации и шпекулации што можело да се случи. Малезиското воено вдоздухопловство демантира дека aвионот го променил курсот и се упатил кон теснецот Малака.Специјалистот за ,,ваерлес” Џеф Каган, вели дека тоа што телефоните на патниците даваат сигнал не значи дека ѕвонат. Властите на повеќе земји сопштија дека истрагата ќе ја прошират од Кина до Андаманско море.
„Пребаруваме повеќе области, но досега немаме најдено ништо што би можело да не донесе до авионот“ вели Кол Ле Тоан, пилот во виетнамското воздухопловство.
Во потрагата се вклучени 42 брода и 35 авиони од повеќе земји, меѓу кои Малезија, Кина, Сингапур, Виетнам, Филипини, Индонезија и САД.Во меѓувреме расте напнатоста кај роднините кои се во исчекување и се подготвуваат за најлошиот исход.
„Ова е голема мистерија, навистина незнам што да кажам. Не треба да се шират лажни информации, тоа ги вознемирува семејствата“, додава Кол Ле Тоан.
Марија Петковска
