Над три милиони заболени со коронавирус во Европа
24.07.2020 11:01
Состојбата е загрижувачка и на Американскиот континент. На светско ниво се регистрирани над 620.000 смртни случаи и над 15 милиони заразени.

Европа го надмина прагот од три милиони заразени со коронавирусот. Состојбата е загрижувачка и на Американскиот континент. На светско ниво се регистрирани над 620.000 смртни случаи и над 15 милиони заразени.
Прагот од четири милиони заразени е поминат во Латинска Америка и Карибите, а повеќе од 2,2 милиони случаи се регистрирани во Бразил. Во САД, деветти ден по ред, се пријавени повеќе од 60.000 новозаразени.
