Се затвора американскиот конзулат во Ченгду

24.07.2020 12:36

Според кинеското министерство за надворешни работи, одлуката на Пекинг е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на САД“.

Кина нареди затворање на американскиот конзулат во југозападниот град Ченгду, откако Вашингтон претходно го затвори кинескиот конзулат во Хјустон. Медиумите пишуваат дека потегот доведува до ескалација на тензиите меѓу двете светски сили на ново ниво.

Според кинеското министерство за надворешни работи, одлуката на Пекинг е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на САД“.

Дипломатската мисија во Ченгду е отворена во 1985 година за целиот регион на југозападна Кина, како и за Тибет.