Масовни протести и апсења во Турција

12.03.2014 13:04

Масовни протести и апсења во повеќе градови во Турција ...

Масовни протести и апсења во повеќе градови во Турција по смртта на 15-годишното момче,  кое беше повредено во демонстрациите во јуни. Полицијата со водни топови и солзавец се обидела да ги растера студентите, кои блокираа повеќе крстосници. Турската полиција уапсила 150 демонстранти, а дваесетина се сериозно повредени. Во Истанбул е повреден и еден полицаец.