Пораст на активното население во земјава
Во последните три години расте бројот на вработени во речиси сите сектори, освен во земјоделството. Мажите и натаму остануваат помногубројни од жените меѓу вработените, иако процентот на вработени жени во овој период бил зголемен за 8,7%...

Државната статистика бележи пораст на активното население во земјава во последните 10 години за 35.239 лица. Најголем дел од вработените се во преработувачката индустрија, трговијата, земјоделството и во градежниот сектор.
Во последните три години расте бројот на вработени во речиси сите сектори, освен во земјоделството. Мажите и натаму остануваат помногубројни од жените меѓу вработените, иако процентот на вработени жени во овој период бил зголемен за 8,7%.
Според статистиката, во земјава биле вработени 477.437 мажи и 320.214 жени. Односно жените за над 150 илјади се помалубројни од мажите на работните места.
Стапката на долгорочно невработени лица лани изнесувала 13,1 насто и во однос на 2009-та бележи намалување за 13,2 насто.
Најголемиот број вработени се на возраст меѓу 35 и 39 години, а најголем процент невработени се младите на возраст од 25 и 29 години, соопшти државната статистика.
