Ковид-19 се шири меѓу младите

27.07.2020 16:03

Според најновите информации на Министерството за здравство во последните 24 часа биле направени 1.025 тестирања. Регистрирани се 128 нови случаи. Од нив најмногу во Скопје - 52, 29 во Штип, Гостивар 13 и Кавадарци 10. Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти, шестмина починале...

Шестмина починати и 128 новозаразени од коронавирусот во изминатото деноноќие. Најмногу од инфицираните се од Скопје- 52. Двоцифрена е бројката и во Штип, Гостивар и Кавадарци. Во болниците низ земјава се лекуваат 428 пациенти.

Вирусот се шири меѓу младите, покажуваат 10-те позитивни случаи во Кавадарци. Од нив деветмина се на возраст од 18 до 38 годишна возраст.

Некои од нив биле во контакт со позитивни на вирусот, други не знаат од каде се заразиле. Сите се на домшано лекување.

Семејни прослави или вечерни забави, на масовните собирања најчесто не се носат заштитни маски – објаснува за МТВ доктор Никола Пановски. Тоа придонесува од коронавирусот почесто да се инфицираат младите. Вели, тие најчесто тие се асимптоматски случаи, но го шират вирусот.

„Заради олабавување на мерките повеќе се движат и повеќе имаат контакти, помалку се дисциплиниани тоа е факт. Навечер се собираат во групи најчесто не носат маски итн. Се тоа придонесува кај нив повеќе да се јавува болеста. За жал, може би требаше да има навечер ограничување на движењето, меѓутоа очигледно сега за сега тоа не е опција. Барем тие 5-6 саати после 24 часот“, изјави микробиологот д-р Никола Пановски.

Но, доколку се отворат училиштата состојбата ќе се промени, вели доктор Пановски.

„Ако се отворат училиштата тек тогаш ќе се спушти тој праг меѓу 10 и 20 години тие ќе бидат главни кои ќе ја шират болеста. Кога ќе се случи во една куќа некој да се разболи ќе се види дека младите ја донеле болеста. Доколку се разболи некој повозрасен со симптоми“, вели д-р Пановски.

Од почетокот на епидемијата од коронавирусот во земјава заболеа повеќе од 10.200 граѓани. Активни се над 4.100 случаи. Битката со вирусот ја загубија 466 граѓани, меѓу нив имаше и млади.

 

Андријана Атанасовска