Корона- кризата удри и по дрвната индустрија
Има понуда- нема побарувачка. Салоните за мебел се речиси празни. Затворените граници ја усложнуваат состојбата. Сивата економија ја мачи гранката. Се бара излез во онлајн продажбата...

Корона кризата удри и на дрвната индустрија. Има добра понуда, но слаба побарувачка. Производителите се жалат дека салоните за мебел се речиси празни. Затворените граници дополнително ја усложуваат состојбата со увоз на нови производи. Онлајн продажбата се покажа како добрата алтернатива, но излез се бара и понудите за домашен мебел со пониска цена.
Сивата економија е горлив проблем- велат столарите. И досега реагирале за производите кои не ги задоволуваат стандардите, но лесно поминуваат на црниот пазар. Соочени со проблемите веќе ги затвораат своите работилници.
Граѓаните велат дека во услови на криза, буџетот е премал за да се размислува и за реновирање и подновување со мебел во домот.
Порачките на мебел во јуни годинава, во однос на истиот месец лани бележат намалување. Според анализите на Заводот за статистика подобрување на состојбата не се очекува и во наредните три месеци.
Според податоците, недоволната странска и домашна побарувачка, недостигот на квалификувана работна сила како и неизвесното економско опкружување остануваат и натаму се ограничувачки фактори за развој на дрвната индустрија.
Дијана Ценевска
