Партиските подмладоци потпишаа декларација за фер избори

12.03.2014 13:32

Декларација за слободни и фер избори денеска во Скопје потпишаа подмладоците на 17 политички партии во земјава. Организирање достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашувања, уцени, навреди и клевети на политичките неистомисленици, како и без притисоци за гласањето врз граѓаните, се само дел од заложбите на декларацијата, активност што ја организира Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.
 
Изборите се еден од најзначајните демократски тестови за државата, а младите политичари се клучни за добивање висока оценка на овој процес. Носат огромен интелектуален капацитет, имаат сила и одговорност, подготвени се да докажат дека не се само безгласна буква, туку движечка сила која може да влијае во сите општествени сфери, истакна Билјана Јанева, извршен директор на Институтот, образложувајќи ги обврските содржани во Декларацијата.
 
Декларацијата, порачаа претседателите на младинските организации по потпишувањето, не смее да биде само парче хартија што брзо ќе се заборави, туку принцип, начин на однесување кој ќе демонстрира висока политичка култура.