Македонските граѓани од денеска можат да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР тест

28.07.2020 10:06

Mакедонските граѓани може да влезат во земјата за туристички цели со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Истатата одлука важи и за граганите од Србија, Албанија, Косово, Босна, Црна Гора, Израел...

Бугарија ги отвори границите, македонските граѓани може да влезат во земјата за туристички цели со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Истатата одлука важи и за граганите од Србија, Албанија, Косово, Босна, Црна Гора, Израел.

Тестот не е потребен за лицата од земјите- членки на Европската унија, Велика Британија и Северна Ирска, земји од Шенген, како и од Австралија, Канада. Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.