Ковид-19: Бројот на заболени двојно зголемен во изминатите шест недели

28.07.2020 11:26

Шест месеци откако беше прогласена пандемијата беше свикана Комисијата за вонредни ситуации на СЗО. Бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во светот надмина 16 милиони...

Пандемијата на Ковид-19 се забрзува, а бројот на заболените е двојно зголемен во изминатите шест недели, соопшти директорот на СЗО, Теодос Аданом Гебрејес. Истакна дека коронавирусот го смени светот, ги подели луѓето и заедниците.

Ги наведе факторите кои се покажале како успешни во некои земји, како што се политичкото лидерство, образованието, зголеменото тестирање, хигиената и мерките за физичка дистанца.

Шест месеци откако беше прогласена пандемијата беше свикана Комисијата за вонредни ситуации на СЗО. Бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во светот надмина 16 милиони, повеќе од 600 илјади лица починаа, над 10 милиони оздравеа.