Повеќе од 7.000 полицајци ќе се обучуваат за изборниот процес
Според министерката за внатрешни работи во последните неколку изборни циклуси полициските службеници во голема мера го имаат унапредено своето однесување...

Над 7.000 полициски службеници ќе поминат низ децентрализиран систем на обука во однос на обезбедувањето и однесувањето на изборниот процес, соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„За оваа цел е изработен еден специјален прирачник во кој се содржани најважните делови од законската регулатива и препораки за секој полициски службеник како да се однесува во одредена ситуација кадешто ќе треба да донесе одлука на лице место“, нагласи министерката Јанкулоска.
Според министерката за внатрешни работи во последните неколку изборни циклуси полициските службеници во голема мера го имаат унапредено своето однесување односно се помалку има конфликтни ситуации, инциденти и проблеми во кои се инволвирани полициски слубеници.
