Италија: Вонредната состојба продолжена до 15-ти октомври
29.07.2020 10:36
Конте претходно побара од Парламентот продолжување на вонредната состојба што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15-ти октомври. Конте претходно побара од Парламентот продолжување на вонредната состојба што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.
Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба со цел министрите да се справат со кризата со коронавирусот. Одлуката важеше шест месеци, а истекува на крајот на јули.
