Ковид-19

Русија: Вакцина за помалку од две недели

29.07.2020 13:26

Вакцината ќе биде одобрена за јавна употреба со тоа што здравствените работници ќе ја добијат први.

Светските медиуми пишуваат дека русија планира да биде првата земја во светот што ќе одобри вакцина против коронавирусот за нешто помалку од две недели и покрај загриженоста за нејзината безбедност и ефективност.

Вакцината ќе биде одобрена за јавна употреба со тоа што здравствените работници ќе ја добијат први.

Неколку вакцини во моментот се во фаза на тестирање низ целиот свет, а само мал број од нив се покажаа ефикасни. Повеќето научници предупредуваат дека им претстои многу работа додека да бидат одобрени вакцините.