Завршува предизборната посета на Делегацијата на ПССЕ

12.03.2014 13:56

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ја завршува посетата на Македонија. 
 
Петчлената делегација предводена од Австриецот Штефан Шенах престојуваше во Македонија за да спроведе проценка на изборната рамка и кампања во пресрет на одржувањето на изборите.
 
За доцна попладне  е закажана прес-конференција, а за време на посетата планирано е делегацијата да оствари средби со државниот врв, претседателските кандидати, како и со Државната изборна комисија.
 
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе ги набљудува претседателските избори во Македонија со делегација составена од 21 член.