Битола

Завршија истражувањата на неолитскиот археолошки локалитет „Велушка Тумба“

29.07.2020 14:15

Завршија едномесечните истражувања на една од најстарите неолитски насаелби на балканот „Велушка Тумба“. Истражувањата се продолжение на минатогодишниот проект и освен домашни вклучени се и стански експерти. Годинашниве откритија само ги доденифираат претпоставките за материјалната култура стара 8.000 години, но и за стопанскиот живот на населнието кое било земјоделско...

Ако во Хераклеа се доказите за животот во античкиот период, локалитетот „Велушка Тумба“ ги чува тајните од неолитот на Балканот. Откритијата од годинашниве едномесочни истражувања исфрлија на површина нови сведоштва за неолитската населба основана пред 8.000 години. Се работеше во центалниот дел на куглата, а потемелното истражување донесе нови археолошки записи за материјалната култура и тогашниот стопански живот на земјоделските населби.

Според динамиката, истражувањата на најкомплексната неолитска населба се од помал обем и сѐ уште во почетна фаза.

Експертите велат дека дејностите мора да добијат на динамика и да се прошират, затоа што Пелагонија изобилува со вакви вештачки формирани ридови како последица на градењето на неолитските куќи.

Во истражувањата беа вклучени и странски експерти со археоботанички и геолошки анализи. Тие ќе дадат свое видување за климатските услови, геолошките процеси и видовите на храна што ги конзумирале неолитските жители.

Стевче Митревски