Коронавирус
Романија и Бугарија со постојан пораст на заболени
30.07.2020 10:30
Во земјата во последните 24 часа се регистрирани 1.182 нови случаја. Починале 30 луѓе заразени со Ковид-19, а сите имале претходни заболувања.

Романија усвои нови мерки за спречување на растот на бројот на заболени од коронавирус. Задолжително е носење маска во некои отворени простории и намалени активности во кафулињата и рестораните.
Во земјата во последните 24 часа се регистрирани 1.182 нови случаја. Починале 30 луѓе заразени со Ковид-19, а сите имале претходни заболувања.
Во Бугарија пак во последните 24 часа се потврдени 284 нови случаи, за 34 повеќе од претходниот ден. Вкупниот број на заразени во земјата се искачи над 11.000, од кои 664 се медицински работници.
Бугарија се соочува со недостиг на болнички персонал.
