УНХЦР: Полицијата е виновна за насилството врз мигрантите
30.07.2020 11:16
Според извештајот на УНХЦР илјадници бегалци и мигранти се жртви на екстремно злоставување, вклучувајќи малтретирање и сексуално или родово засновано насилство, а во некои случаи има смртни последици.

Речиси половина од целокупното насилство врз африканските мигранти во текот на нивното патување до медитеранскиот брег, го врши полицијата, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.
Според извештајот на УНХЦР илјадници бегалци и мигранти се жртви на екстремно злоставување, вклучувајќи малтретирање и сексуално или родово засновано насилство, а во некои случаи има смртни последици.
Извештајот е заснован врз речиси 1.600 спроведени интервјуа со бегалци и мигранти.
