Угостителите бараат протоколи за одржување прослави
30.07.2020 12:22
На средбата со Комисијата за заразни болести посочиле препораки. Ова го бараат, за да се спречи, организирањето настани во домашни услови да излезе од контрола.

Угостителите бараат протоколи за одржување прослави во објектите. На средбата со Комисијата за заразни болести посочиле препораки. Ова го бараат, за да се спречи, организирањето настани во домашни услови да излезе од контрола.
Од Туристичко угостителската комора велат, состојбата на сите економски оператори директно и индиректно е загрозена. Иста е состојбата и со музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, кои ако не почнат со работа, нема да можат да опстојат на пазарот.
